Петар Печков
Објавено: четврток, 19 октомври 2006
Починатите во Велес и кон вечното почивалиште се испраќаат без нужната почит и во недостојни услови, се жалат велешани. Нивните поплаки се однесуваат на сместувањето на починатите во капелата во Болницата и на превозот до дома, пред погребот.
- Бев шокиран кога влегов во капелата. Тука се ширеше непријатна миризба, имаше остатоци од крв, подот беше нечист. Ужасно и срамно, телото на покојникот беше третирано крајно нехумано - тврди велешанец, вознемирен од глетката што ја доживеал кога отишол од болницата за да го земе телото на својот родител.Но, тука не бил крајот на разочарувањето.
Бидејќи тоа се случило околу 22 часот, немало организиран превоз за умрениот. Поради тоа морале да го внесат во својот автомобил. Граѓанинот, кој сакаше да остане анонимен, вели дека му паднало тешко кога се обидувал вкочанетото тело на покојниот родител да го смести во автомобилот.
Ова е само еден пример, но не и единствен во Велес. Многумина биле изненадени кога влегле во капелата, куќарка стара 50 години. За нив е недостојно местото, каде што се чуваат тие што починале во болницата.
Граѓани, пак, што немале автомобил, проблемите со превоз ги решавале со ангажирање и запреги за да го пренесат телото на покојникот до дома.Еден од нив вели „плачев за татко ми од жал, но и од мака, зашто со коњ го носевме дома“. Од ЈЗО Општа болница признаваат дека проблемот со капелата постои, се обиделе да го решат, но досега неуспешно.
- Доставивме проект до странска невладина организација за да изградиме капела, каде што мртвите до преземањето достојно ќе бидат згрижени. Предлогот беше отфрлен, а пари за изградба на капела немаме - вели д-р Марјан Спасов, директор на болницата. Во болницата велат дека уште пред десетина години имало готова современа капела, која подоцна била пренаменета.
Од ЈКП „Дервен“, кое е задолжено за превоз на починатите, велат дека тие работат според одлука на Советот на Општината, донесена во ноември 2004 година. Според неа, јавното претпријатие не било должно да пренесува починати во терминот од 20 часот навечер до шест изутрина.

Tweet |