речник контакт

Нема сведочење и доказ кој ја интубирал Кадиева после третиот обид

Продолжува судскиот процес за тројцата доктори кои се обвиенти за смртта на родилката и нејзиното бебе

Петар Печков

На три рочишта по повеќе часови,  во Основен  суд Велес, беше испрашувана д-р Наташа Давчева од Институтот за судска медицина. Од неа како вешто лице одговори бараа бранителите на  тројцата обвинети доктори, во случајот со смртта  на  родилката Маја Кадиева и  нејзиното бебе, кој се  случи во Општа Болница Гевгелија на 22 октомври 2015-та  година.   

На   прашање од судијката Габриела Гајдова, на  денешното рочиште  дали лекарите  директно влијаеле со нивните   постапки  на смртта на  родилката, д-р Давчева даде подолг и опсежен одговор. 

За трето обвинетиот  д-р  Москов:  не направил никаква постапка, употреба   на  неподобно средство  или начин на   лекување. Неговата улога била повеќе пасивна во целиот процес, бил повикан како асистен за породување со царски рез. Како вработен во ЈЗУ Општа Болница Струмица, нема увид   за состојбата на  ЈЗУ Општа Болница Гевгелија, во    неговото постапување не може да се лоцираат конкретни пропусти.   

За второбвбинетиот  д-р Чалков:  не  употребил ниту еден  неподобен начин  на   лекување, или  употребил некое несоодветно средство за лекување.  Но пред да се случи оваа кризна состојба  со Маја  Кадиева, неколкуратно имал проценка за условите и  општата состојба  во  ЈЗУ Општа Болница Гевгелија, за настаните  од 22 октомври, така што можел да ја очекува штетната последица која се случила, меѓутоа сметал дека до неа нема да дојде или ќе биде избегната.   Негов конкретен пропуст е кога дошла пациентката Кадиева на 13 октомври, според распопложливата документација е дека таа е хоспитализирана а не била, што довело до  одредени ситуации.Не знаеме каде била и во какви услови овие осум дена. 

За првобовинетиот    д-р Ванчев: според статистичките податоци  на 500 дадени анестезии се  случува по една тешка интубација. Прво обвинетиот се судрил со токму една таква ситуација на 22.10.2015. Што направил а што требало да направи  според водич -на светска асоцијација на анестезиолози.  До третата интубација д-р Ванчев постапувал според протокол, не употребил ниту еден неподобен начин на лекување или неподобно средство. Излегувањето од протокол настанува по третиот обид на интубација    кога се продолжило со обиди за интубација, бидејќи според овие водичи требало да  биде употребена понапредна метода  за да биде извадена од несвесната состојба, или   да се буди и одлага оперативниот зафат. Морам да посочам дека не можеше да се добие реална слика ниту од  медицинската документација ниту од  доказната постапка, кој ги правел дополнителните интубации. Од приложеното не можам да кажам дали тоа го правел д-р Ванчев или др- Јовановски (кој во меѓувреме починат з.а).   Ниту пак има некаде во документацијата надлежниот анестезиолог од ЈЗУ Општа Болница Гевгелија кажал на раководството дека не биле соодветни  за работа во услови на  случај на кризи, за рутинска биле во ред.  Во оваа Болница можеле да се изведуваат царски резови, но договорените да бидат изведувани во период на најголемата мобилност, во првата половина на денот пред се поради психофизичката состојба  на  докторите и поради можноста  да побараат помош - рече д-р Давчева.   Во Болницата во Гевгелија  по распоред закажаните царски резови  се работеле секогаш во  вечерните часови.

 Докторката -вешто лице  даде одговор дека ниту  едно  од   преземените дејствија  на  докторите, не се во врска  со   смртта на родилката Кадиева.  Ако беше така, тие  ќе беа  гонети за друго кривично дело. Но во случајот имаме  една  голема  небрежност, имаме индиректни   дејствија  кои довеле  до  крајната   последица, таа постои. Затоа не може да  постои оправдување дека  без никави дејствија  последицата настанала.  Маја  не   умре  од  природна  смрт. Имаме други вешти лица  за  сослушување, најверојатно   и   обвиентите  ќе говорат   па ќе имаме целосна  слика, дали, кој  и каков пропуст  имаат направено  -  рече Делјо Кадиев, застапник  на  оштетената  фамилија Кадиеви.  Судењето продолжува  на  крајот  на март. 

Обвинети за смртта на родилката Маја Кадиева и нејзиното бебе,   се анестезиологот  Томче Ванчев (56 год) од Гевгелија и  гинеколозите  струмичаните Венци Чалков (50 год) и Дончо Москов (59год), за ,,тешки дела против здравјето на луѓето,,.   

Со преземените дејствија обвинетите иако биле свесни дека нивното постапување може да предизвика штетна последица, несовесно постапиле при укажување лекарска помош при процесот на породување. Со тоа предизвикале влошување на здравствената состојба кај родилката што резултирало со смртен исход на мајката   и на новороденчето.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »