речник контакт

Нерешено за сефте во Првата лига

Велешки Борец по18 години пауза се врати во Прва фудбалска лига и дома одигра без голови со скопски Вардар

Петар Печков

Борец 1919 - Вардар 0:0

Состави Борец:  Мустафа (ж), Абаз, Блажевски, Ефтимов, Ѓорѓиев, Христов, Коцев, Петров (ж) (ц)Прелчец, Стојковски (ж), Трајановски играа и Николовски, Лазаревиќ, Богдановски

Вардар: Адем (ж), Цветановски, Родригес, Мицевски, Гачевски, Новак, Серафимов, Тошевски, Аврамовски, Брдаровски, Колевски   играа и Димовски, Попзлатанов, Ибиши 

судија Бартон Скопје стадион Зоран Паунов, гледачи 3,5 илјади 

Нерешено, без голови беше дебито на фудбалерите на ФК Борец 1919 во Првата лига, против скопски Вардар. По 18 години пауза, велешани гледаа прволигашки фудбал, во натпревар во кој домаќинот играше да остане непоразен во што успеа.  Скопјани имаа повеќе шанси, а велешани успеаја да се одбранат. Имаа и тие две можности за гол, кои не ги реализираа.

Во првото коло од Првата лига, ФК Борец загуби од ФК Шкупи на Чаир со 2:0. Во следното коло велешани гостуваат на освојувачот на Купот, ФК Академија Панев во Струмица а потоа повторно гостување кај шампионот ФК Шкендија во Тетово.  

Стратегот на велешани Горазд Михајлов, за медиумите  по натпреварот истакна.

Мислам дека Борец заслужено дојде до бод. Во првиот дел бевме под притисок, некој вид на грч, но затоа во вториот дел имавме и ние напади, акции.

 

фото  Радица Дукова

 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »