Петар Печков
Објавено: недела, 04 октомври 2026
Реми за фудбалерите на ФК Борец во Неготино на дербито со ФК Вардар 2:2 (1:2). Велешани на ова гостување пропуштија победа и радост иако имаа водство. По ова четврто коло тие се петти на табелата на Третата лига Југ.
Победа за екипата на ФК Превалец дома со 3:0 (1:0) над екипата на ФК Млекар од Прилеп. Подмладенито состав на домаќинот ја забележа третата победа во оваа конкуренција за тертото место на табелата.
ФК Башкими од Горно Јаболчиште никако да победи, забележа второ реми без голови последователно. Овој пат против ФК Венец од неготински Долни дисан, како и пред седум дена 0:0. Со два бода се на 10-тото место од 14 екипи.
Bo следното коло, петто по ред ФК Борец го пречекува ФК Росоман, ФК Превалец гостува кај крушевски ФК Бучим, а ФК Башкими од Горно Јаболчиште гостува во Прилеп на ФК Ултрас.
| Tweet |




