Петар Печков
Објавено: сабота, 25 април 2015
Магијата на магионичарските трикови во Велес, но и Македонија ја шири велешанецот Диме Пупулиев. Тој не сака многу да се експонира во медиумите, не зборува многу за себе,но на дело ги покажува неговите вештини.
Објаснува дека со магија аматерски почнал да се занимава од тинејџерските денови, прво започнал да се занимава само со улична магија, а од пред неколку години е еден од ретките магионичари на Балканот кој пофесионално ги работи скоро сите видови на магија:
Екстремна, улична, ментализам, магија од блиску, а нај омилени ми се сценската магија и манипулациите. Инспирација добивам од според мене најдобриот магионичар и илузионист на сите времиња Дејвид Коперфилд кој има 11 Гинисови рекорди,има добиено 20 Еми награди и е единствениот магионичар кој има ѕвезда на Булеварот на славните во Холивуд, тој е едноставно татко на сценската и модерната магија - вели Диме.
Според коментарите на публиката, добар е во тоа што го работа, нивната реакција на чудење и неверување му дава поттик да продолжи. Сепак не е лесно и едноставно како што изгледа, магионичарството, оваа уметност бара секојдневно вежбање и многу "нерви" бидејќи ефектите се изведуаат пред очите на публиката и нема простор за грешки. Како и во секоја работа се случуваат и грешки ама добар магионичар треба умешно да знае да ги прикрие.
Ја сакам магијата, тоа е мојот живот. Магионичар не се постанува, магионичар се раѓа. Ако толку лесно се станува магионичар сите би биле, секое дете сака да биде магионичар... магијата е насекаде околу нас, некој ја гледа некој не ја ни приметува,оние што не ја приметуваат никогаш неми ни да ја почуствуваат - додава Пупулиев.
Една од неговите омилените илузии е "Half Body". Тоа е илузија кога телото визуелно е пресечено на два дела кој многумина мислеат дека е фотомонтажа, но во 2010г. тоа го извел во МТВ, во живо, во емисија пред публика. Тој постојано работи на нови трикови и усовршување.
Tweet |