Петар Печков
Објавено: четврток, 27 април 2017
Преку кампањата „Не прави селфи на воз-Вреди да живееш“ македонски железници ги едуцираа и учениците во основните училишта во Велес, за ризиците кои ги носи фотографирањето на вагоните на МЖ Транспорт. Денес првите луѓе на железница беа во Велес и посетија неколку училишта. На учениците им делеа флаери, прикажаа видео со штетните последици од самослик на вагон.
Сакаме да делуваме и да ги образуваме младите луѓе да го употребуваат возот како средство, а не да се качуваат на кровот и да се фотографираат. Имаме многу убави места за фотографирања во возот внатре и во Македонија, каде може да отидете со воз, да излезете и да се фотографирате. Целта ни е возот да се користи како превозно средство а не за фотографирање од кровот – изјави Игор Коруноски, директор на МЖ Транспорт.
Оваа кампања доаѓа после неодамнешниот случај во кој електричен шок уби 15-годишно момче од Скопје. Тоа е втора жртва, пред година и половина на 17 декември 2015-та на железничката во Велес, од струен удар тешко се повреди со изгореници од висок степен и неколку дена подоцна почина.
Младите сакаат да се докажуваат, со правење што поопасна фотографија. Велес е железнички јазол, има многу пруги и опасност. Децата не знаат дека на кровот од вагонот минува струја од висок напон од 25 киловолти или 25 илјади волти. Тоа е напон за 5 илјади пати поголем од таа со која се полни мобилен телефон. Затоа е оваа кампања ,,Не за селфи на вагон, вреди да живееше,, и ,, Спречи го твојот другар да се докажува,, - рече Коруновски.
Tweet |