речник контакт

Не само парична туку и условна затворска казна за управување автомобил низ Македонија, добија Романец и Холанѓанец за пребрзо возење на автопат кај Демир Капија

Наместо дозволените 80 возеле со 178км/ч односно 175 км/ч

Петар Печков

Холанѓанец и Романец освен парична казна добија и условни затворски казни и забрана за управување на возилото низ Македонија, откако системот „безбеден град“ ги регистрирал дека возат  со брзина далеку повисока од дозволената.

Тие беа уапсени на граничен премин Табановце, Холанѓанецот Д.Г.Т  на 5 октомври во 23:57 а  Романецот на 6 октомври во 20:20ч.  Двете лица биле обвинети за кривичното дело „безобѕирно управување со моторно возило“. 

Од Основен суд Неготино информираа дека врз основа на казнен налог,  изречени им е алтернативна мерка - условна осуда со утврдена казна затвор во траење од три месеци, која нема да се изврши доколку обвинетиот во рок од една година по правосилноста на пресудата не стори ново кривично дело. 

Изречена им е забрана  за управување со моторно возило од „Б“ категорија во траење од една година на територијата на Македонија и парична казна во висина од  илјада евра во денарска против вредност.

Романецот Г.М.(43 год) истиот ден кога е упасен 6 октомври, го управувал автомобилот марка „БМВ“  со брзина од 178 километри на час на место каде максимално дозволената брзина изнесува 80 километри на час.

Холанѓанецот  Д.Г.Т. (24 год)  на  26 август  во 14:22 часот го  управувал со возилото марка „БМВ“  со брзина од 175 километри на час на место каде максималната дозволена брзина изнесува 80 километри на час.  И во двата случаи возеле пребрзо, двојно повеќе од предвидената брзина, во близина на тунелите кај Демир Капија.  

АНКЕТА »

Дали сообраќајната полиција успешно се справува со паркирањето, моторите, тротинетите по велешките улици и тротоари?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »