речник контакт

Нивото на реката Вардар во Велес опаѓа

Реката Бабуна во Богомила исто така имала високо ниво, највисоко било во саботата 56 цм.

Петар Печков

По рекордните годинава 208 цм од вчера, недела попладне, измерени во 16ч. УХМР утрово во 7,30 измери 190 цм на реката Вардар во центарот на градот. Со тоа за 18 сантиметри е отпадното нивото.

Според Центарот за управување со кризи нема пријави дека реката се излеала некаде во Велес и велшко, освен што го освои кејот. Патем просекот на реката Вардар за месец јуни во Велес е 75 цм.

Овие денови и реката Бабуна имаше зголемено ниво во Богомила. Тоа достигна максимум на 17 јуни, сабота кога изнесуваше 56 цм додека денес, понеделник 19 јуни е 40 цм. Просекот за јуни е 10 цм.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »