Петар Печков
Објавено: вторник, 28 октомври 2025
Нивото на реката Вардар низ Велес утрово се искачи до 138 цм . што е двојно повеќе од вчера утро кога беа измерени 70 цм. Прoсекот за октомври е 57 цм. Ова е информација од Управата за хидро метеоролошки работ и на Макединија. Се мери во 7,30 часот а мерното место во Велес е на Стар мост.
Двојно повисокото ниво се должи на обилните врнежи кои ја зафатија Македoнија во неделата цел ден и понеделникот наутро. Не постои од можност за излевање на Вардар во Велешко, оти податоците од мерните инструменти на реките пред Велес покажуваат паѓање на нивото.
Таков е случај со нивото во Јегуновце и во Скопје. Единствено реката Пчиња е со зголемен ниво кај Катлановоска бања и тоа од 98 цм што е двојно повеќе од недела кога беа измерени 51 цм а просекот е 34 цм.
Водениот бран ја минал Богомила и нивото на реката Бабуна од вчерашните 60цм. денес падна на 26 цм.
| Tweet |








