речник контакт

Нигеријка настрада од воз

Граце Е. пронајдена мртва покрај пругата

Петар Печков

Нова жртва на бегалците по македонските пруги. Младата Африканка Граце Е. (29 год) од Нигерија е пронајдена мртва покрај пругата  Гевгелија - Скопје во вторникот претпладне.

Според МВР неа ја пронашле вработени на МЖ во 10.20 ч. од машина која работела на изградба на пругата кај Смоквица, на 200 метри  од станицата Миравци. Полициски екипи биле на местото на настанот, ја идентификувале девојката а дежурен лекар констатирал дека смртта е поради  видливи повреди на главата,настанати  од удар на воз.

По налог на јавното обвинителство девојката е погребана на градските гробишта во Неготино.  МЖ пак ги испитала  сите машиновозачи , кои  утрото возеле на релацијата Скопје - Гевгелија на патнички и товарни возови, но никој од нив не посведочил дека видел или удрил пешак кој се движел по пругата.

Ова е единаесетта жртва на бегалците од Азија и Африка, кои на патот кон земјите на ЕУ се движат по македонските пруги. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »