Петар Печков
Објавено: среда, 02 септември 2026
Роднокрајниот автор Никола Алтиев е добитник на годинашново литературно признание за животно дело „Коле Неделковски“. Тој е родум од Велес за подоцнежниот животен пат го однел во Скопје каде денес живее. Во младо
ста започнува да пишува поезија, која продолжил да ја создава натаму. Наградата ја доделува КЛубот на писатели „Коста Солев Рацин“ во соработка со Градскта библиотека Гоце Делчев и Народниот музеј. Се доделува на 2 септември, денот на смртта на поетот Неделковски.
„Оваа награда ми значи премногу, поради што сум роден во Велес и наградата ми ја доделуваат мои велешани. Наградата премногу ми значи. Творам поезија“ – рече добитникот Алтиев. Неговите песни ли пишувани дела может да се прочитаат во годишното списание „Велес“.
Наградата беше врачена во родното село Војница, во семејната куќа на Неделковски. Беше положено свежо цвеќе пред неговите спомен бисти во училиштето во село Војница и во средното училиште „Коле Неделковски“ во Велес. За животниот пат на Неделковски говореше Васил Тоциновски а беа прочитани и стихови инспирани од неговата поезија .На свеченоста присуствуаа и членови на семејството на Неделковски.
Фото Локална библиотека Гоце Делчев
| Tweet |














