Петар Печков
Објавено: петок, 24 април 2026
Освен возачите и пешаците во Велес не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Во одговорот поставен од СВР Велес, информираа дека лани биле изречени 14 прекршоци за минување на црвено светло на семафор, 161 прекршок за пешаци поради не поминување на обележан пешачки премин.
Се санкционирале и лицата кои управуваат електричен тротинет. Во текот на 2025 година, од страна на ПС за БПС при СВР Велес биле констатирани вкупно седум прекршоци за лица кои управувале електричен тротинет, од кои три прекршоци за возачи кои не носеле рефлектирачки елек и четири прекршоци за возачи кои не се движеле по патека предвидена за електрични тротинети.
Ланската година биле одземени 48 возила, дел за измината регистрација повеќе од шест месеци, 19 за преголема бучавост, биле напишани 59 прекршоци поради техничка неисправност на возила а 21 прекршок поради преоптовареност на возилото со товар.
| Tweet |




