Петар Печков
Објавено: среда, 16 октомври 2019
Сообраќајната полиција, вчера, вторник спроведе повторно акциска контрола, за дали се вози побрзо од дозволената брзина по градските улици. Во рок од четири часа, откриени биле 17 возачи, кои управувале автомобил, и возеле со недозволена брзина.
Во периодот од 14 до 18 часот на 15-ти октомври на територијата на СВР Велес била спроведена акциска контрола на возачи кои управуваат возило со брзина поголема од дозволената. Притоа, биле откриени 37 прекршоци од кои 17 во Велес, 15 во Кавадарци и пет во Неготино - информираше Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес. За сите прекршоци изречени биле соодветни казни.
Вчера идентична акциска контрола имало и во Скопје каде биле откриени 19 возачи кои возеле пребрзо а во Битола 25.
За потсетување во неделата во терминот од 12 до 18ч. низ велешките улици биле откриени 25 возачи кои возеле побрзо од пропишаната брзина.
Tweet |