речник контакт

Нова максимална победа за ветераните на ОК Борец, за врвот на табелата

ОК Борец - ОК Гевгелија 2:0 Трето коло државна лига за ветерани одбојка

Петар Печков

Нова победа за одбојкарите ветерани на  ОК Борец со која останаа на врвот на државната лига за ветерани. Во третото коло, на домашен терен ја совладаа екипата на ОК Гевгелија со 2:0 (19;15). Велешките ветерани беа далеку подобра противник и без многу мака стигнаа до победата и трите бода.

Во првиот натпревар играа ОК Шкендија и ОК Струмица а победија тетовци со 2:0 (15;18). Во третата средба во  дербито помеѓу ОК Тетово и ОК Скопје победија тетовци со  2:1. Слободна беше екипата на ОК 11 Октомври од Прилеп. Натпреварите се играа во салата на ОУ Блаже Коневски. 

                      Т  А  Б  Е  Л  А
1.    ШКЕНДИЈА              3  3  0    6:0  150: 99     9 
2.    ОК БОРЕЦ                3  3  0    6:0  155:119    9
3.    ОК 11 ОКТОМВРИ     2  2  0   4:1   118:91     6
4.    ОК ТЕТОВО              3  1   2  2:5    79:100    3
5.    ОК ГЕВГЕЛИЈА         3   0  2   1:4   106:168   1
6.    ОК СКОПЈЕ              2   0  2    1:4    47:55     1
7.    ОК СТРУМИЦА          2  0  2    0:2    33:50     0

Следно 4-то коло  31 мај Скопје 
ОК Гевгелија – ОК Скопје
ОК Струмица – ОК Велес
ОК Прилеп – ОК Шкендија
Слободна е екипата на ОК Тетово

АНКЕТА »

Дали сте за враќање на платениот паркинг во Велес, за надминување на проблемот со паркирањето?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »