Петар Печков
Објавено: недела, 29 март 2026
Ha денешната крводарителска акција, организирана од Мото клубот „Носачи на крстот“ биле собрани 143 крвни единици. Организирана е заеднички со Општинската организација на Црвен крст Велес и Институтот за трансфузиона медицина од Скопје. Тие акцијата ја оценија како успешна. Деветмина од дарителите дарувале за прв пат и така станаа дел од најхуманото семејство во државата.
Крводарителската акција се одржа во фоајето на театарот Јордан Хаџи Константинов Џинот. Втората крводарителска акција на МК Носачи на крстот е за Денот на општината 9 ноември. Лани нивните две крводарителски акции беа најуспешни.
| Tweet |







