Петар Печков
Објавено: среда, 25 мај 2016
Со европски пари започнa изградбата на термоизолациони фасади на објектите од детската градинка Димче Мирчев од Велес. Пет од шесте објекти ќе добијат нов изглед, истовремено ќе бидат и енергетски ефикасни. Ова е реализација од проектот „Енерџинет“ финасиски поддржан од ЕУ. Според Анида Цецева, директорка на ОЈУДГ „Димче Мирчев“, овој проект е од големо значење за градинката но и за заштита на околината, оти нуди долгорочени решенија.
Нашите објекти не само што ќе добијат нов изглед, туку и ќе бидат енергетски ефикасни. Така ќе се заштедат средства кои подоцна ќе се вложат во нови проекти - изјави Цецева. Вкупната висина на оваа инвестиција е 66.000 евра и опфатќа пет клонови. Локалната власт изработува проект за клон лоциран во месноста Дворови, со цел и тој да добие термоизолациона фасада, со сите шест ќе добијат нов лик. Во нив престојвуаат над илјада деца од предшколска возраст.
Изведбата на објектите ја врши фирмата „Изгрев Инжинеринг“, а согласно склучениот договор работите треба да бидат завршени во рок од 3 месеци. Ќе се постави термоизолација на вкупна површина од 2826 метри за сите 5 објекти. На македонска страна Проектот „Енерџинет“ е поддржан од ЕУ со средства во висина од 227.192 евра, носители се Велес од македонска страна и Лерин од грчка страна. Учеството на општина Велес е 15%, а во преоктот ,,Енерџинет,, вклучени се и градовите Прилеп до Македонија и од Грција Ираклиа и Визалтија.
Tweet |