Петар Печков
Објавено: четврток, 07 ноември 2019
Со новиот возен ред на Македонски железници предвидено е еден патнички воз помалку, на релацијата од Велес за Скопје и обратно, објави порталот мета.мк.
Тој треба да започне да се применува од 15-ти декември и според нацрт возниот ред за 2020-та се планира да се укине патничкиот воз кој сега поаѓа од Скопје во 4:15, а од Велес кон главниот град се враќа назад во 6:10 часот.
Поради ова ќе се изврши нов распоред на утрински возови помеѓу двата града, каде има најмногу патници. Променето поаѓањето на утрински возови од Велес за Скопје, кои би тргнувале во 5:03, 5:45, 6:13 и 7:26 часот од велешката железничка станица.
Идната година меѓу овие два града би сообраќале по девет пара возови дневно во текот на целата година а сега се десет. Останатите релации остануваат без промени во однос на бројот на патнички возови.
Tweet |