Петар Печков
Објавено: вторник, 19 мај 2020
СВР Велес информираше за две тепачки кои вчера се случиле во Велес и во село Иванковци. Верољуб Додевски портпарол на СВР Велес со писмена информација соопшти:
Понеделникот на 18-ти мај околу 18.30 часот во СВР Велес било пријавено дека во село Иванковци бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу С.К.(59) и М.К.(56), од една страна и В.К.(51) и М.К.(24), од друга страна, сите од село Иванковци. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 18-ти мај, понеделник во Полициската станица Велес Н.З.(40) од Велес пријавил дека околу 10.15 часот пред неговата куќа бил физички нападнат од Н.Т.(47) од Велес. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Tweet |