речник контакт

Нови инвестиции на AMD

AMD, вториот по големина светски производител на микрочипови за компјутери соопшти дека ќе инвестира дополнителни 2,5 милијарди долари

lj lkjl

AMD, вториот по големина светски производител на микрочипови за компјутери соопшти дека ќе инвестира дополнителни 2,5 милијарди долари во унапредување и проширување на своите две фабрики во Германија. Инвестицијата доаѓа во период кога AMD опасно му се приближува на својот најголем ривал Intel и со нејзе сака да ја покаже сериозноста на компанијата и еднаш за секогаш да се стави крај на парализирачките проблеми со недостаток на компоненти на пазарот. Уште еден фактор кој и претходеше на инвестицијата, беше договор со DELL компјутери кои одлучија во своите сервери да користат AMD чипови. Проширувањето на фабриката во Дрезден е повеќе од добредојдено од германските власти кои со години се обидуваат да привлечат инвестиции екс-комунистичкиот источен дел на Германија. Парите се наменети за проширување на капацитети на фабриката Fab 30, поточно адаптирање на опремата и инсталирање на поголеми машини кои ќе можат да произведуваат двојно повеќе процесори. Исто така ќе биде проширена и новата фабрика Fab 36 која во скоро време треба да започне со сериско производство. Новите инвестиции се очекува да отворат дополнителни 420 работни места и да го зголемат прозиводството на 45.000 единици месечно. Во јануари AMD продаде дел од своите акции во вредност од 500 милиони долари, средства кои компанијата ги искористи за отплаќање на дел од долговите и како и собирање фондови за идните инвестиции.

АНКЕТА »

На што се греете зимава?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »