речник контакт

Нови книжни пари од 200 и 2000 илјади денари

Ќе ги печати англиската печатарска компанија “Де Ла Руе”.

Петар Печков

До крајот на годината или почетокот на новата ќе може да плаќаме со новите банкноти со апоени од 200 и 2000 денари.  Ќе ги печати англиската печатарска компанија “Де Ла Руе”. Планирано е да се пуштат во оптек по 10 милиони банкноти од секој апоен.

Банкнотите ќе имаат најголема заштита за да се спречи фалсификување, ќе се печатат на специјална хартија во бела боја, со вграден воден жиг, заштитна испрекината нитка со впишан текст НБРМ, видливи и невидливи влакна кои рефлектираат во жолта, сина и зелена боја под дејство на ултравиолетови зраци и зајакнати рабови за да се спречат физички оштетувања.

На банкнотите од 200 денари ќе има мотиви од релјеф од виничките теракотни икони, како и елементи од челната фасада на Шарената џамија во Тетово.

На банкнотата од 2.000 денари, на предната страна ќе стои македонска невестинска носија од Прилепско Поле, а на задната ќе има декорација од внатрешна страна на позлатен сад.

Одлуката за печатење на книжни пари во апоени од 200 и 2.000 денари  е направена со цел да се излезе во пресрет на барањата на граѓаните, ако се знае дека тие многу ретко ја користат 5.000-ката.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »