Петар Печков
Објавено: четврток, 17 јули 2014
Во издание на Стрип центарот на Македонија Велес излегоа бр. 18 и бр. 19 од ревијата „СТРИП КРЕАТОР“, единствено постојано стрип издание кај нас.
Издавачот ја сочува традицијата во оваа ревија да се објавуваат подобрите стрипови од странски и домашни автори и од учесниците на интернационалниот стрип конкурс којшто е во рамките на традиционалниот стрип салон.
Заедно со добитниците на признанија од последниот интернационален стрип конкурс , рамномерно застапеност добиваат и млади и неафирмирани стрип автори од земјава што доведуваат до позитивна конкуренција помеѓу домашните стрип автори
Финансиската поддршка и овој пат ја овозможи Министерството за култура а изданијата може да се набават во стрип книжарницата „Бункер“.
Tweet |