Петар Печков
Објавено: четврток, 30 јули 2020
Во денешниот билен на Министерството за здравство, има тројца нови позитивни случаи од Велес, и еден оздравен. Сите три случаи се донесени од околните градови, Скопје и Куманово.
Имаме нови три лица кои се позитивни. Еден случај е на вработен во Куманово и две се жени вработени во Скопје. Сите тројца сметаат дека се заразиле од работното место, според епидемиолошка анкета. Трите лица се со благи симптоми и за сега се на домашно лекување. Има еден оздравен, пуштен од Инфективно одделение - изјавија од Центарот за јавно здравје Велес.
Досега во велешко вкупно заразени се 216 лица, оздравени се 185 ,починати се 13 а активни 18. Од активните случаи 17 се на домашно лекување.
На инфективното одделение има 13 лица хоспитализирано, еден е сомнителен се чекаат резултати за него, 12 се потврдено позитивни. Еден пациент е пуштен дома, откако на земен брис, два пати последователно бил негативен - изјави д-р. Весна Николовска Неделкова, портпарол на Општа Болница Велес.
Од сите 12 пациенти на Инфективно одделение само еден случај е од велешко, од Горно Јаболчиште и тој чека втор негативен тест за да замине дома. Останатите се од Свети Николе и Кавадарци.
Tweet |