речник контакт

Нови улични светилки во Велес

Во Велес започна промена на уличните светилки, со кој градот ќе заштеди една сметка годишно, или инвестицијата ќе се врати за 2,5 години.

Петар Печков

Во Велес започна замената на електричните светилки со нови поекономични, со кој градот ќе заштеди една годишна сметка за осветлување. На 47 електрични столба  се инсталираат електрични светилки од фирмата Минел Шредер од Белград, кои наместо постојните од 400 вати нудат осветлување од 150 вати, но бидејќи се од натримум винил, светлоста што ја зрачат е со идентична јачина како постојните, но жолта.

- На овој начин ќе добиеме  по економично осветлување со иста јачина. Пресметките покажуваат дека ќе заштедиме 3,6 илјади вати месечно, за една година околу 160 илјади денари или оваа инвестиција вредна 400 илјади ќе ја вратиме за две и пол години - вели Александар Костовски, одговорен за уличното осветлување во општината.

Во првиот период овие светилки ќе бидат инсталирани во месната заедница Васа Кошулчева, а потоа и во останатите делови од градот. Предност на новите светилки е што тие се економични, трошат помалку струја, лесно се одржуваат, херметички се затворени и заштитени од надворешни влијанија. Промената на постојните светилки со нови е по изработена студија за реконструкција на електричното осветлување на Велес и во согласност со програмата за работа на Советот на општината.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »