речник контакт

Нови четири случи со ковид-19 во велешко и 13 оздравени

Во двете ковид одделенија од велешка Болница, згрижени се седум пациенти

Петар Печков

Изминатите 24 часа во велешко  има нови четири случаи со кoвид-19, оздравени се 13 пациенти па бројката на активни падна  на 34 лица. Починати во велешко нема.

Денес како и вчера  во двете ковид одделенија од велешка Болница, згрижени  се  седум  пациенти. Hа Инфективно  се хоспитализирани тројца  а на Интерно се четворица    пациенти. Нема ново  примен  ниту  испишани.

„Потврдено позитивни се тројца, двајца се негативни но со потреба од болнички третман,  непотврден се двајца. На кислородна поддршка е еден   пациенти“ - кажа д-р Елена Левкова Ќулумова, портпарол на Општа Болница Велес.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »