Петар Печков
Објавено: понеделник, 29 март 2010
Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди при МВР поднесе кривични пријави против И.А.(47), С.А.(51), С.М.(51), З.Т.(39), Т.А.(40) и Б.Ѓ.(45), сите полицајци сообраќајци од поради постоење основано сомнение дека сториле кривично дело -“злоупотреба на службената положба и овластувања“.
Пријавените во периодот од април 2008 до јули 2009 година, злоупотребувајќи ја службената положба и овластувања, постапувале спротивно на одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата. Истите делото го сториле со неизвршување на своите работни обврски односно со непревземање на службени дејствија што биле должни да ги преземат, поради што во вкупно 108 случаи на случени сообраќајни незгоди постапиле спротивно на чл.224 и 226 од ЗБСП согласно кој биле должни да извршат увид на лице место, а за констатираните прекршоци против прекршителите да поднесат соодветни поднесоци(прекршочна или кривична пријава).
Со тоа пријавените И.А. во 37 случаи, С.А. во 28, С.М. во 26, З.Т. во 15 и Т.А. и Б.Ѓ. во по еден случај, им овозможиле на учесниците во сообраќајните незгоди за сторените дела да не бидат санкционирани.
Инаку неодамна се поднесени кривична пријава за истото кривично дело против уште тројца полицајци сообраќајци од Велес, коишто на идентичен начин ја злоупотребиле службената положба и овластувања.
Tweet |