Петар Печков
Објавено: сабота, 09 мај 2020
Шест нови случаи на позитивни со ковид-19 во Велес, се регистрирани изминатото деноноќе. Ова за ТрМр кога кажаа од Центарот за јавно здравје Велес.
Едно лице по два негативни се води како оздравено а едно возрасно лице, поради предизвиканите компликации итно е пренесено на Инфективна клиника во Скопје, вчера попладне.
Во однос на кластерите од каде лицата се заразиле, од ЦЈЗ за ТрМр објаснија дека има повеќе фирми, поединци и не може да се каже дека е само од еден кластер.
Од велешката Болница информираа дека на Инфективното одделение има згрижени 27 пациенти, за тројца од нив, кои имале симптоми, се чекаат резултати од земени брисеви. Тројца пациенти се отпуштени вчера попладне, откако на два теста покажале негативни резултатит од земените брисеви и тие се водат како оздравени.
За пет дена во Велес се регистрирани вкупно 30 ново заразени. Бројот на активни случаи со корона вирус во Велес, заклучно со денес 48 лица.
Tweet |