Петар Печков
Објавено: среда, 17 февруари 2021
Во велешко денес, среда се регистрирани шест ново заразени лица, позитивни на ковид-19, оздравени се четворица пациенти. Ова се податоците кои ги соопшти Министерството за здравство. Во велешко активни се 236 случаи а досега 3.306 лица биле заразени.
Денес Министерството за здравство објави дека на клиниките во Скопје е починат 66 годишен жител од Велес, позитивен на ковид-19. Тоа е 108-та жртва од велешко, на последиците од корона вирусот.
Од велешката Болница соопштија дека во кај нив хоспитализирани се 39 пациенти од кои на Инфективно се 34 а на Интерно одделение петмина. Од лежечките пациенти 30 се потврдени позитивни, шестмина се сомнителни и тројца пациенти се со негативен брис но задржани на болничко лекување. На кислородна поддршка се осум пациенти.
Tweet |