речник контакт

Нови 12 случаи на позитивни од ковид-19, оздравени се 23 пациенти од велешко

Активни случаи се 447 во Болница се 71 пациент

Петар Печков

Изминатите 24 часа во велешко има 23 оздравени пациенти и 12 ново заразени со ковид-19, соопштија од Институтот за јавно здравје. Така бројот на активни случаи падна на 447 а досега во велешко биле заразени 5.423 лица    

Во велешка Болница вкупно се хоспитализирани 71 пациент,  од кои 51 се потврдени позитивни, четворица  сомнителни и 16 пациенти со негативен тест но задржани на болничко лекување.

На кислородна поддршка се 22 пациенти. Испишани се пет  пациенти како оздравени со по еден негативен тест – кажа д-р Елеонора Јованова портпарол на Општа Болница Велес. 

На Инфективно одделение се  37 пациенти, на Интерно седум и во Модуларната  болница 27.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »