речник контакт

Нови 120 хектари квалитетни лозови насади на „М6 Аграр“ близу Бабуна

Инвестицијата е вредна 2,5 милиони евра. Има „гренаж“ црн, типичен за Јужна Франција, има „плавец“, кој е карактеристичен за Далмација

Петар Печков

Нови лозови насади на површина од 120 хектари, на локацијата Бабуна, во близината на Велес, е најновата инвестиција на „М6 Аграр“ за унапредување на квалитетот на вината на ВВ „Тиквеш“. Инвестицијата изнесува речиси 2,5 милиони евра, а дел од средствата  60 отсто се обезбедени со поддршка на ИПАРД програмата а 40 се сопствени на „М6 Аграр“.

„Ова се насади кои се вклучени во модерниот тек, капка по капка систем, распоред на редови за да може да се користи машинска берба, бидејќи во иднина ќе имаме недостаток на работна рака во Македонија. Оваа локација е во географски важи  за најдобрите за одгледување на лози за добивање на  црни   вина., со 42 до 45 во лето и сите сорти се од тој тип. Има „гренаж“ црн, типичен за Јужна Франција, има „плавец“, кој е карактеристичен за Далмација, „вранец“, се се` тоа црни сорти карактеристични за овој регион - рече Светозар Јаневски претседател на управниот одбор на ВВ „Тиквеш“ и партнер во Групацијата М6 .  

Таа во велешко вкупно, со овие нови површини има околу 400 хектари лозови насади, вклучувајќи ги и  тие во месноста „Бела вода“ близу езеро Младост. 

Тиквеш е корисник на финансиски средства обезбедени од програмата „ИПАРД2“. Министерот за земјоделие Аријант Хоџа се пофали дека Македонија во последните две години 2019 и 2020, за прв пат откако ги користи овие средства, нема вратени финансии поради неискористеност.

На новите површини се користат сертифицирани  садници од најреномирани светски производители и со сорти кои најмногу одговараат на поднебјето и составот на почвата.  

„Инвестицијата ги потврдува неисцрпните можности на македонското сонце и земја за развој на земјоделството, особено за развој и експанзија на нашето грозје, како и за производство на квалитетни вина. Инвестицијата во нови лозови насади нема да придонесе само за унапредување на квалитетот на вината на „Тиквеш“, туку ќе создаде услови и за производство за поголеми количини за освојување на светските пазари. Многу е важно што оваа инвестиција ќе придонесе за понатамошно градење на имиџот на земјата како производител на високо квалитетни вина и за етаблирање на македонската винска индустрија“-  изјави премиерот Зоран Заев.

Во изминатите 15-тина години инвестициите на ВВ „Тиквеш“ надминаа 40 милиони евра. Најголемиот дел од овие средства беа вложени во најсовремена опрема и технологија за примарната преработка на грозје, микровинификација и одлежување на виното, што му овозможи на „Тиквеш“ да прерасне во винарница со најголем капацитет за производство на вина со премиум квалитет во земјата и регионот.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »