речник контакт

Нови 13 случаи на лица позитивни на ковид -19 од велешко

Во Болница има згрижено 42 пациенти, деветмина помалку од вчера

Петар Печков

Тринаесет  нови случаи на лица позитивни на ковид-19 во велешко  и четворица  оздравени пациенти. Таква е состојбата со здравствениот билтен за изминатите 24 часа, објавена од Министерството за здравство. Активни се 363 случаи.

Во трите ковид одделенија од Болницата  има згрижено 42 пациенти, деветмина помалку од вчера.  Од нив 32  се позитивни потврдени со ПЦР тест, двајца   се  непотврдени  и осуммина  негативни, но со здравствени проблеми, па  имаат потреба од здравствена заштита.

„ Испишани се осум пациенти. На  континуирана кислородна поддршка се 17“ - кажа д-р Елена Левкова Ќулумова, портпарол на велешка Болница.

На Инфективното одделение згрижени се 29, во Модулaрна болница  е 17   пациент додека на Интерното одделение каде се сместени сомнителните случаи има петмина.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »