речник контакт

Нови 18 лица позитивни на ковид-19 во велешко

Во Велес и велешко активни се 253 случаи

Петар Печков

Нови 18 лица позитивни на ковид-19 и 15 оздравени е дневниот здравствен билтен за велешко, објавен од  Министерство за здравство за изминатите 24 часа. Во Велес и велешко активни се 253 случаи.

„Вкупно се хоспитализирани 51 пациент,  од кои  42 се потврдени позитивни, седум  сомнителни  и двајца  пациенти со негативен тест но задржани на болничко лекување. На кислородна поддршка се 30 пациенти“ - кажа д-р Елеонора Јованова портпарол на велешка Болница.  

Испишани биле  четворица  пациенти како оздравени со по еден негативен тест.

АНКЕТА »

На што се греете зимава?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »