Петар Печков
Објавено: среда, 03 ноември 2021
Во Велес и велешко изминатите 24 часа има нови 19 лица позитивни на ковид-19 а има 10 оздравени. Овие податоци ги објави Министерството за здравство. Бројот на активни случаи во велешко порасна на 337.
Во велешка Болница бројот на згрижени пациенти е 40, од нив 24 се на Инфективно одделение, 11 во Модуларната болница, додека на Интерно се петмина пациенти.
„Од згрижените пациенти 26 се позитивни, 12 се негативни, но со потреба од продолжено лекување а двајца пациенти се непотврдени. На кислородна поддршка се 27 пациенти. Примен е еден нов пациент, во Модуларната болница, испишани се тројца како оздрвени со по еден негативен тест“- кажа д-р Елена Левкова Ќулумова, портпарол на велешка Болница.
Tweet |