речник контакт

Нови 26 случаи на позитивни на ковид-19 во велешко, оздравени десет

Вo велешка Болница се хоспитализирани 17 пациенти, активни случаи се 257

Петар Печков

Дваесет и шест ново заразени со ковид-19  се регистрирани денес а оздравени се  десет пациенти. Ова е информацијата која попладнево ја објавија од Министерството за здравство.  Со ова бројката на активни случаи порасна 257  а досега биле заразени 3037 лица. Во велешко  досега има 102 лица починати од последиците на ковид заразата.   

Вo велешка Болница се хоспитализирани 17 пациенти, на  Инфективно одделение се 15 а на Интерно двајца. Од лежечките пациенти 15  се потврдени позитивни, двајца се сомнителни. На кислородна поддршка се седум  пациенти. Испишани се осум  пациенти како оздравени со по еден  негативен тест.

АНКЕТА »

На што се греете зимава?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »