Петар Печков
Објавено: среда, 17 ноември 2021
Нови 29 случаи на лица позитивни на ковид-19 и седуммина оздравени. Ова е состојбата во велешко, по објавениот здравствен билтен за изминатите 24 часа. Бројот на активни случаи е 370 лица. Регистриран е и еден смртен случај, почината пациентка во велешка Болница на 79 годишна возраст, жителка на село Оморани. Таа е 245 жртва од последиците на корона вирусот.
Во трите ковид одделенија од Болницата како и вчера има хоспитализирано 52 пациенти, од нив 33 се позитивни потврдени со ПЦР тест, петмина се непотврдени и 14 негативни, но со здравствени проблеми, па имаат потреба од здравствена заштита.
„ Испишани како оздравени со по еден негативен тест се четворица пациенти. Примен е еден пациент, на Инфективно одделение. На континуирана кислородна поддршка се 15 пациенти“ - соопшти д-р Елена Левкова Ќулумова портпарол на велешка Болница.
На Инфективното одделение кое има 42 кревети згрижени се 19 пациенти, на Интерното одделение каде се сместени сомнителните случаи има 11 и во Модуларната Болница има 22 пациент а таа има капацитет од 54 легла.
Tweet |