Петар Печков
Објавено: среда, 19 јануари 2022
Се зголемува бројот на активни случаи со ковид-19 во велешко и на згрижени пациенти во велешка Болнциа. Ова го говорат бројките од Министерството за здравство и велешка Болница.
Изминатите 24 часа во велешко има регистрирано 32 нови случаи на лица позитивни на ковид-19 а оздравени се 13. Ова се податоци кои ги објави Министерството за здравство. Во велешко активни се 343 лица со ковид-19. Починати нема.
Бројот на хоспитализирани во двете одделенија од велешка Болница е 35 пациенти, пет повеќе од вчера. Ново примени се тројца пациенти-сите префрлени од Интерно одделeние, испишани се исто толку- тројца со по еден негативен тест.
„Од згрижените пациенти, 25 се позитивни, непотврдени се чеворица и шестмина се негативни. На кислородна поддршка се 15 пациенти“ - кажа д-р Eлена Левкова Ќулумова, портпарол на велешка Болница.
На Инфективно одделение згрижени се 29 а на Интерно одделение шест пациенти.
Tweet |