речник контакт

Нови 36 случаи на ковид-19 во велешко и една почината пациентка

Активни се 485 случаи,во велешка болница вкупно се хоспитализирани 78

Петар Печков

Во велешко денес има 36 ново заразени лица со ковид-19 а оздравени се 17., соопштија од Институтот за  јавно здравје. Активни се 485 случаи а досега во велешко се заразиле 4.081 граѓанин.

Во текот на вчерашниот ден еден пациент е  транспортиран во ковид центарот на Клиника за неврологија. Додека пак, во текот на вчерашната ноќ почината е пациентка на 71 годишна возраст, од Велес, позитивна, лекувана на инфективно одделение четири дена - соопшти д-р Елеонора Јованова, портпарол нa Општа Болница Велес. Тоа е 125 жртва во велешко, почината од последиците на ковид-19.

Во велешка болница вкупно се хоспитализирани 78,  од кои 50  се потврдени позитивни, 19 сомнителни  и девет  пациенти со негативен брис но задржани на болничко лекување. На кислородна поддршка се 32 пациенти.

На Инфективно одделение  има  48 пациенти, на  Интерно 12  а во  Модуларната болница 18. Денес од хоспитализираните во Болница  се испишани осум  пациенти како оздравени со по еден негативен тест.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »