речник контакт

Нови 40 случаи на лица позитивни на ковид-19 од велешко

Во трите ковид одделенија од велешка Болница згрижени се 60 пациенти, четворица повеќе од вчера

Петар Печков

Нови 40 случаи на лица подивени на ковид-19 од велешко и само двајца оздравени. Ова е билансот за изминатите 24 часа, кој го објави Министерството за здравство. Бројот на активни случи се искачи до 331 пациент. Починати нема.

Во трите  ковид одделенија од велешка Болница згрижени  се 60 пациенти, четворица повеќе   од вчера. Hа Инфективно  се хоспитализирани  39, на  Интерно  осум и на Физикално 13 пациенти. Потврдено позитивен е 45, непотврдени  се четворица  и негативни се 11 но со потреба од болничка нега.

„Примени се четворица нови  пациенти,тројца се трансферирано од Интерно на физикално,еден е  испишан со еден негативен тест. На кислородна поддршка се 25 лица“ - кажа д-р Елена Левкова Ќулумова, портпарол нa Општа Болница Велес.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »