Петар Печков
Објавено: среда, 07 април 2021
Во велешко Министерството за здравство регистира 47 ново заразени со ковид-19 а оздравени се 33. Бројот на активни случаи е 813 лица а досега биле заразени 4.826.
Во велешка Болница вкупно се хоспитализирани 98 пациенти, на Инфективно одделение се 51, интерно шест и во Модуларната болница се 41. Од лежечките пациенти 89 се потврдени позитивни, пет се сомнителни и четворица пациенти со негативен брис но задржани на болничко лекување.
„Почината е пациентка на 52 годишна возраст од село Раштани позитивна, лекувана еден ден на Интерно одделение. Еден пациент маж на 58 годишна возраст е транспортиран за Скопје, во приватна Болница Жан Митрев. На кислородна поддршка се 48 пациенти. Испишан е еден пациент како оздравен со еден негативен тест“ – кажа д-р Елеонора Јованова портпарол на Општа Болница Велес. Досега бројот на жртви на последиците од ковид-19 заразата во велешко е 144 починати.
Поради големиот број на пациенти позитивни или сомнителни на ковид-19, сместени во велешка Болница, Инфективно, Интерно и во модуларанта Болница, повторно во функција е пуштен одделот за Физикална терапија кој ќе биде наменет како Ковид центар. Истиот располага со 25 болнички кревети И засега нема хоспитализирано пациенти.
Tweet |