Петар Печков
Објавено: сабота, 14 февруари 2015
На овогодинешното 20-то јубилејно доделување на наградата “Автомобил на Годината во Македонија“ со титулата се закити најновата изведба на Ford Mondeo. Во конкуренција од уште 5 автомобили Ford Mondeo ги доби гласовите пред Volkswagen Passat, Mercedes C-класа, Nissan Qashqai, Toyota Aygo и Renault Twingo.
Новото Ford Mondeo, беше промовирано на автомобилскиот саем во Париз. По освојувањето на срцата во Европа, во декември минатата година беше за првпат промовирано во Македонија. Од елегантен, впечатлив и софистициран надворешен дизајн до кабина која ги спојува технологијата и просторната удобност, технолошките иновации, перформансите и изработката беа пресудни да овој Автомобил биде најзначајниот за оваа година во Македонија.
Иако беше во тесна трка со Volkswagen Passat новото Ford Mondeo успеа да ги освои гласовите на националното жири кое е составено од докажани експерти во автомобилската индустрија. Меѓу главните адути се адаптивните LED светла кои помагаат за подобра видливост и ги следат свиоците, активната асистенција при паркирање со која автомобилот може буквално сам да влегува и излегува во паркинг просторот потоа Ford SYNC со MyFordTouch системот кој дава незаменлива контрола на клучните команди преку допир и глас.
Во делот на безбедноста Mondeo ги користи бенефитите од сигурносните појаси и воздушните перничиња со тоа што Задните сигурносни појаcи се со вградени воздушни перници.Системот за итно сопирање или детекција на пешаци кој доколку детектира пешак или друг вид на предмет пред возилото автоматски ја намалува брзината и доколку возачот не реагира автоматски сопира, ова се однесува на градска брзини до 50км/ч. За врвна управливост наскоро ќе биде достапен и кај нас интелегентниот погон на сите тркала.
Ford Mondeo им се придружи на досегашните победници: Fiat Bravo/Brava во 1996 година, Renault Megane 1997, Opel Astra 1998, Škoda Octavia 1999, Fiat Punto 2000, Seat Leon 2001, Toyota Corolla 2002, Mazda 6 2003, Mazda 3 2004, Seat Altea 2005, Vplkswagen Passat 2006, Opel Corsa 2007, Kia Cee`d 2008, Volksvagen Golf VI 2009, Opel Astra IV 2010 и Hyundai iX35 2011, Кia Rio 2012, Seat Leon 2013 и Škoda Octavia 2014.
Tweet |