Петар Печков
Објавено: сабота, 28 септември 2013
Велес е град кој долги години е познат по својата активност во боречките вештини. Најпопуларна боречка вештина е карате која се тренира во традиционален (изворен ) и спортски облик.
Од неодамна во Велес семејството на изворни боречки вештини се зголеми со уште еден член , а тоа е Окинава Карате До стилот УЕЧИ РЈУ .
Тоа е многу стар Карате стил кој од Кина е пренесен на Окинава ( Јапонија ) во почетокот на 19-от век. Доста се разликува од останатите карате стилови.
Со негово правилно вежбање човекот се здобива со здраво и цврсто тело , но и се оспособува за ефикасна самоодбрана без оглед на кој пол припаѓа. Возраста во овој УЕЧИ РЈУ не игра голема улога , можат да го вежбаат деца од 7-8 години до возрасни луѓе од над 50 години. Исто така вреди да се спомне дека оваа стара вештина има голема примена во армиските и полициските специјални сили ширум целиот свет затоа што е создадена за блиска борба .
Овој за нас нов Карате стил за првпат е донесен не само во нашиот град ,туку и во нашата држава . Претставник за овој Карате стил е Боре Видевски кој е единствен сертифициран мајстор-инструктор во Македонија за оваа вештина .
Карате Клубот “ ОКИНАВА “ е член во главната ОКИНАВА КАРАТЕ ДО АСОЦИЈАЦИЈА ( ОКИКУКАИ ) со седиште во Наха-Окинава ( Јапонија ) , но и член на МАКЕДОНСКАТА АКАДЕМИЈА ЗА БОРЕЧКИ ВЕШТИНИ која ги обединува школите во кои се тренираат традиционални боречки вештини . Карате Клубот “ОКИНАВА” работи во ОУ “ Блаже Конески “ во Велес . Во главната асоцијација официјално сме познати како ОКИКУКАИ УЕЧИ РЈУ МАКЕДОНИЈА.
Инаку Боре Видевски во градот е познат и како Карате мајстор 5ти дан за традиционален Шотокан кој го тренира во Карате Клуб “ ВЕЛЕС “ .
Веќе се одржани се и неколку семинари под водство на официјален инструктор на главната асоцијација , а тоа е Шихан Милан Димитриески 6ти дан. На семинарите покрај членовите на клубот учество земаат и членови на Клубот за Реален Аикидо “ РАНДОРИ “ со нивниот инструктор Љубомир Грданов.
Главната задача на секој традиционален Карате стил е да “ произведе “ една комплетно психофизички здрава личност која ќе биде општо корисна за целата околина во која живее и работи.
Tweet |