речник контакт

Ново разбојништво на обложувалница во Велес, повторно на ул. Благој Ѓорев

Со вербална закана по живот на вработената, одземени се пари од дневниот промет

Петар Печков

Неделата навечер ограбена е обложувалница во Велес, една од повеќето кои се лоцирани на улица Благој Ѓорев. Сторителот, кој е непознат, делото го сторил упатувајќи вербална закана по живот на вработената, не користел оружје и сила..
 

На 03-ти јануари  околу 23.15 часот во СВР Велес било пријавено дека едно лице со закана кон вработената, одзело пари од дневниот промет во обложувалница на ул.„Благој Ѓорев“ во Велес  - иформираше Верољуб Додевски, портпарол на СВР Вeлес.
 
Полицијата вели дека се  преземаат мерки за расчистување на случајот. 

Пред неполн месец, на 13-ти декември исто така  пред полноќ беше ограбена обложувалница на улица Благој Ѓорев. 

На 2- ноември лани  околу 5.30 чaсот на бензинска пумпа на ул.„Благој Ѓорев“ беше извршено разбојништво и под закана од пиштол од вработениот се одземени пари.  

На 25.-ти октовмри минатата година, околу 22 часот во маркет на плоштад „Којник“ во Велес, со закана од пиштол, од касата, разбојник  ги земал парите од дневниот промет. 

Велешката полиција досега не информираше дека е откриен сторителот на некое од овие дела. 

Не е расчистено ниту разбојништвото во банка во центарот на градот, кое се случи на 7-ми февруари лани, околу 9,40 ч.кога беше  ограбена  експозитурата на ТТК Банка од страна на едно лице кое користело пиштол а маскирано со заштитна маска. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »