Петар Печков
Објавено: среда, 17 јануари 2024
Учениците од прво до петто одделение од Подрачното основно училиште „Петар Поп Арсов" од село Согле, Богомила, Општина Чашка, со почетокот на второто полугодие наставата наместо во старото дотраено училиште, ќе започнат да ја следат во нови простории од училиштето.
„Грижата за децата и учениците е врвен приоритет на општина Чашка“ - кажа градоначалникот Горан Стојановски.
Составено е со модуларен систем на површина од 100м/2 во чиј состав има две училници,канцеларија и тоалети. Настава посетуваат пет ученика во второ и четврто одделение.
Вкупната вредност на инвестицијата во зградата на училиштето е околу 5,2 милиони денари од кои петстотини илјади денари се од буџетот на општина Чашка, а останатите од Министерството за образование и наука.
фото ФБ/Горан Стојановски градоначалник Општина Чашка
Tweet |