Петар Печков
Објавено: вторник, 27 јануари 2015
Основното јавно обвинителство во Велес поднесе барање до Судијата за малолетници во Основниот суд – Велес за поведување подготвителна постапка спрема едно дете, штитеник на Воспитно-поправниот дом Тетово, за сторено кривично дело – Убиство во обид.
Според официјалната информација на обвинителството , во денделата на 25 јануари малолетникот побарал да биде однесен на лекарски преглед кај домскиот лекар заради главоболка. Во лекарската соба тој најпрвин со дрзок и висок тон се обратил кон лекарот, потоа ја турнал масата меѓу нив и се обидел да го удри, во што го спречиле двајца надзорници.
Подоцна, од трпезаријата 16-годишникот зел два ножа и повторно влегол во лекарската соба со вербални закани кон лекарот дека ќе го убие, а притоа повторно го спречиле присутните надзорници. детето за кое станува збор, во текот на издржувањето на воспитната мерка, се јавува како сторител на повеќе кривични дела, меѓу кои и кривичното дело Силување спрема друго дете – штитеник на домот.
За непријавување на ова дело Обвинителството поведе постапка и против заповедникот на Воспитно-поправниот дом. Надлежното обвинителство, по последниот случај, до Судијата за малолетници во Основниот суд во Велес достави и предлог за определување мерка притвор за малолетникот.
Tweet |