речник контакт

Нов пораз за велешки ФК Борец во Првата лига

Поразена и екипата на ФК Локомотива дома во Градско, во Втората лига Исток

Петар Печков

Ништо ново, трет пораз во низа за велешкиот прволигаш ФК Борец, со лоша серија од осум примени и ниту еден постигнат гол. Домаќинот, шампионот ФК Шкендија победата од 3:0 ја обезбеди  уште во првото полувреме со головите на Дориев во 5-та и на Гури во 12-та и 39-та минута.  Велешани без идејни и без шанси за гол, беа лесна задача за ФК Шкендија.  Колку ФК Борец игра слабо, зборува и фактот што во останатите вчерашни  четири натпревари до Првата лига, беа постигнати три гола, колку што примија велешани на оваа средба.

По ова деветто коло, ФК Борец остана на 10-тото место,  со седум бодови. Следи пауза во првенството, поради репрезентативни настапи а во наредното кое се игра на 16-ти октомври, ФК Борец повторно гостува во Струга, овој пат на екипата на ФК Струга ТЛ која е  шеста со 13 бода.

Играа и второлигашите, ФК Локомотива од Градско дома загуби со 1:4 (1:2) од прилепска Победа, која по 6 кола е втора. Домаќинот падна на осмото место со четири бодови а во наредното седмо коло гостува во Радовиш на екипата на ФК Детонит Јуниор, кој е седми со исто така 4 бода.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »