Петар Печков
Објавено: петок, 05 август 2022
Обезбедена е нова просторија, каде се зема брис за лицата кои проверуваат дали се ковид позитивни. Досега оваа услуга, две години се извршуваше во пунктот кој беше во просториите на некогашното ОУ Јордан Хаџи Константинов Џинот, но имаше големи реакции од пациентите за условите, каде се работеше.
„По барање на локална власт требаше да го напуштиме досегашниот простор, каде се земаше брис за ковид пациентите. Обезбедивме нова престорија, нов пункт, заедно со Здравствен дом, во зградата на Хигиенски. Пациенти за ПЦР тестови сега доаѓаат во „мој термин“ до 11 ч а од 12 ч се работат брзи тестови, исто така во „мој термин“ - кажа Богданка Дограмаџиева, Јораданова директор на Центарот за јавно здравје Велес.
Оваа седмица просечно во овој пункт се тестирале по 30 пациенти дневно.
Tweet |