Петар Печков
Објавено: среда, 20 април 2022
Изминатите 24 часа во велешко се регистрирани пет нови случаи со ковид-19, што е далеку помалку од вчерашните 14. Во истиот период оздравени се три лица. Или бројката на активи случаи во велешко скокна на 31.
Нов скок на бројката на згрижени лице во двете ковид одделенија од велешка Болница. Таму има 17 пациенти, три повеќе од вчера. Hа Инфективно хоспитализирани се осуммина а на Интерно се девет пациенти. Ново примени се двајца пациенти а испишани нема.
„Потврдено позитивни се двајца пациенти, непотврден четворица а 11 пациенти се негативни но со потреба од болнички третман. На кислородна поддршка се тројца пациенти “ - кажа д-р Елена Левкова Ќулумова, портпарол на Општа Болница Велес.
Tweet |