речник контакт

Нов спот од Благој Ламњов од негото авторско ЦД (видео)

Bye For Now - Blago J, инструментал кој ги гали чувствата

Петар Печков

Поминаа четири години од издавањето на албумот Nostalgic Love. Зошто до сега не сними спот ?

Кругот на луѓе кои го слушаат мојот албум Nostalgic Love и кои ја пратат мојата музичка кариера е разнолик. Од деца, до возрасни, забавњаци, рокери, поети, фолклористи, итн. Тоа се луѓе кои музиката ја чувствуваат некаде длабоко во себе и не им е потребен спот за да конзумираат убава музика. Спотот само им смета при слушањето. Затоа и ова не е типичен спот кој би доминирал пред музиката, туку ова служи како еден украс врз музиката која продолжува да го зафаќа најголемиот простор и која сепак е најубаво да се слуша со затворени очи.


Имаш ли трема кога објавуваш нешто ново од тебе?

Да, многу. Пробам да ја најдам причината и мислам дека тремата доаѓа од искресноста. Се што произведувам е за себе и за моите најдраги инспирации од минатото и сегашноста. Моите дела се поклон до некоја особа и кријат приказни кои јас и таа ги знаеме. Затоа тремата доаѓа од тука. Затоа што не сум се отворил само кон неа туку кон целата јавност, а тоа е најнепријатниот момент. Не знаеш кој како ќе те разбере.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »