речник контакт

Нов 21 случај на лица позитивни на ковид-19 и една почината пациентка

Во велешка Болницата згрижени се 52 пациенти

Петар Печков

Ново заразени со ковид-19 во велешко се 21 лице, одека оздравени се 19. Ова се податоци од здравствениот билтен за изминатите 24 час, кој го објави Министерството за здравство. Бројот на активни случаи во велешко е 350 лица.

Во велешка Болница има еден починат пациент, жена на 88 годишна возраст. Таа е 244 жртва на ковид пандемијата

Во трите ковид одделенија од Болницата има хоспитализирано  52 пациенти, од нив 35  се позитивни, четворица се непотврдени и 13  негативни, но со здравствени проблеми, па  имаат потреба од здравствена заштита.

„Примени се осум пациенти, петмина на Инфективно одделение и тројца во Модуларна Болница кои се трансферирани од Интерно. Испишани како оздравени со по еден негативен тест се двајца пациенти.  На  континуирана кислородна поддршка се 17 пациенти“ - соопшти д-р Елена Левкова Ќулумова портпарол на велешка Болница.

На Инфективното одделение кое има 42 кревети згрижени се 22 пациенти, на Интерното одделение каде се сместени сомнителните случаи има осум  и во Модуларната Болница има 22 пациент а таа има капацитет од 54 легла.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »