речник контакт

Нов 21 случај на позитивни на ковид-19 во велешко

Бројот на хоспитализирани во двете одделенија од велешка Болница е 19 пациенти

Петар Печков

Министерството за здравство соопшти дека изминатите 24 часа во велешко е регистриран 21 случај на ново заразени со ковид-19, а оздравени се четворица  пациенти,. Со ова бројот на активни случи се искачи  на  179 лица. Нема починато лице од велешко, од последиците на корона вирусот.

Бројот на хоспитализирани во двете одделенија од велешка Болница,  се покачи за три во однос на вчера и  претпладнево  се згрижени 19  пациенти. Ново пациенти  се шест, четворица префрлени од Интерно и двајца ново примени,   испишан со еден негативен тест е еден пациент.

„Има 15 пациенти кои се позитивни, непотврдени се  двајца  и  исто толку се негативни, но со потреба од продолжено лекување. На кислородна поддршка се девет пациенти“ - кажа д-р Eлена Левкова Ќулумова, портпарол на велшка Болница.

На Инфективно одделение згрижени се 15 а на Интерно одделение четворица пациенти.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »