речник контакт

Нов 41 позитивен на ковид-19 во велешко

Бројот на хоспитализирани во двете одделенија од велешка Болница е 28 пациенти, еден повеќе од вчера

Петар Печков

Расте бројот на ново заразени со ковид-19 во велешко. Откако претходните два дена  имаше регистрирано 98,  изминатите 24 часа има 41 а 15  се оздравени. Ова се податоци кои во дневниот билтен ги објави Министерството за здравство.  Бројот на активни случаи се искачи до 295 лица.

Бројот на хоспитализирани во двете одделенија од велешка Болница е 28  пациенти, еден повеќе од вчера. Ново примени  се двајца,  испишан е еден  пациент со еден негативен тест како оздравен.  

„Од згрижените пациенти,  18   се позитивни, непотврдени се   тројца   и  седум  се негативни. На кислородна поддршка се осум  пациенти“ - кажа д-р Eлена Левкова Ќулумова, портпарол на велешка Болница.

На Инфективно одделение згрижени се 23 а на Интерно одделение петмина  пациенти.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »